Леброн ѝ честита на Србија за борбеноста: Ова беше најтешкиот меч!
Леброн Џејмс ќе го памети мечот и по трипл-дабл со 16 поени, 12 скокови и 10 асистенции со кои се запиша во историјата на Олимписките игри.
„Знаевме дека ова ќе биде голем предизвик. Ова беше најтешкиот меч досега. Србите беа одлични на теренот, а нас нè дели една победа од златен медал“, кажа Џејмс.
САД во финалето ќе игра против Франција од 21 часот, додека Србија ќе се соочи против Германија за третата позиција.