Леброн Џејмс пресреќен за доаѓањето на Дејвис: Ова е само почеток!

Лос Анџелес Лејкерс синоќа го доби Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Пеликанс во замена за три играчи и три пика во првата рунда на драфтот, па обој трејд го израдува најдобриот кошаркар Леброн Џејмс.

Откако Дејвис пристигна во Лејкерс, експресно шансите за титулата се зголемија за еден од најгламурозните клубови на светот, кој од поодамна нема конкурентен тим за титула во НБА, а сезонава и не успеа да се најде во плејофот.

„АД (Ентони Дејвис – н.з.) доаѓа! Одиме брату! Ова е само почеток“, објави Џејмс после информациите за џиновската размена.

Каваи Леонард или Кајри Ирвинг, кои се поврзуваат на пазарот со ангажман во ЛА уште повеќе би го засилиле овој тим. За Дејвис, Лејкерс ги пратива во Пеликанс Лонзо Бол, Брендон Инграм, Џош Харт и три пикови во првата рунда на драфтовите, меѓу кои и четвртиот сезонски пик на драфтот, кој ќе се одржи за пет дена.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

AD on da way!! @antdavis23 🤣. Let’s get it bro! Just the beginning..👑 #LakeShow

A post shared by LeBron James (@kingjames) on