Кошаркар на Лејкерс уште во февруари го предвиде финалето во НБА (ФОТО)

Џеј Ар Смит моментално е во ростерот на Лос Анџелес лејкерс, но во февруари годинава уште пред да биде прекината сезоната кога беше слободен агент направи успешно предвидување, кои два тима ќе играат во големото финале во плеј-офот. 

Смит на Инстаграм одговараше на прашања на своите фанови, а еден од нив го запраша за мислење кои два тима ќе играат во финалето. Смит одоговори дека тоа ќе бидат Лос Анџелес лејкерс и Мајами хит.

Ако за Лејкерс беше јасно дека се фаворити, малкумина мислеа дека Хит можат да бидат најдобриот тим на Истокот крај Милвоки и Бостон. 

Смит потпиша за Лејкерс во месец јуни пред рестартот на сезоната во Дизниленд, откако Ејвери Бредли одлучи да не игра во „меурот“ поради страв од Ковид-19.