Кошаркар на Хјустон се пензионира на само 21 година!?
Според информациите од САД, младиот кошаркар размислува да се повлече и оваа информација ја пренесуваа и најпознатите новинари и медиуми во САД. Засега не е позната причината за ваквата дилема на Грифин кој изгледа е решен да ја остави кошарката.
Во Хјустон тој пристигна оваа годна, претходно во 2022 година беше 16-ти избор на НБА драфтот и се пресели во Атланта каде што се задржа две години, подоцна во трејд се пресели во Рокетси.