Кевин Дурант побара од Бруклин Нетс да го трејдуваат

Една од најголемите НБА ѕвезди Кевин Дурант и официјално побарал од Бруклин Нетс да го трејдуваат, иако допрва требаше да му започне новиот договор од 194 милиони долари што лани го потпиша со овој клуб.

Според еден од најголемите експерти во НБА, Адријан Војнаровски, Дурент заедно со тренерот Шон Маркс и својот менаџер Рич Клејман работат на трејдот и бараат дестинација каде би продолжил овој кошаркар со својата кариера.

Според низа информации, желба на Дурант е да игра за Феникс Санс.

Тој во минатата година потпиша четиригодишен договор вреден 194 милиони „зелени банкноти“, кој требаше да стартува од оваа сезона која претстои 2022/23.