Кевин Дурант на лето заминува од Голден Стејт!?

Ѕвездата на НБА-лигата, Кевин Дурант ќе го напушти Голден Стејт вориорс, ако може да се верува на зборовите на познатиот американски новинар Рич Бачер.

Новинарот потврди во емисија на „Фокс Спортс“ дека Дурант ги договорил своите услови со Њујорк никс, па од лето ќе го носи нивниот дрес.

„По тоа што го слушнав, готово е. Кевин заминува. Каде ќе отиде? Можам да ви кажам дека тоа же биде Њујорк“, вели Бачер.

Дурант сезонава е одличен, па во просек постигнува по 26,5 поени, 6,5 скокови и 5,8 асистенции по натпревар, а во кариерата има настапувано за Сиетл и за Оклахома.