Картер е неуништлив - ќе игра и 22. сезона во НБА-лигата! (ФОТО)

Легендарниот Винс Картер официјално потпиша договор на уште една година со Атланта, па ако заигра на само еден меч во сезоната 2019/20, ќе стане првиот кошаркар кој во НБА-лигата ќе игра 22 сезони.

Картер потпиша продолжување на соработката со Атланта, кадешто беше и минатата сезона и притоа одигра 76 меча, а девет пати беше стартер и во просек постигнуваше по 7,4 поени по меч.

Пред да се пресели во Атланта, Картер играше за Сакраменто, Мемфис, Далас, Феникс, Орландо, Њу Џерси и Торонто.