Кари како во најдобрите денови - му даде 56 поени на Орландо (ВИДЕО)

Трејдот на Џими Батлер очигледно најдобро му дојде на Стеф Кари кој последниот месец игра фантастично.

Врв на неговите одлични партии е ноќешниот дуел против Орландо на кој ветеранот постигна 56 поени со 12 тројки, а Вориорс славеа со 121-115. Тоа беше негов 14. натпревар со 50+ поени во кариерата со што се израмни со Леброн Џејмс и Рик Бери на седмото место на вечната листа во НБА. Дури девет вакви натпревари има откако наполни 30 години.

Особено расположен беше во третата четвртина во која постигна 25 поени за само десет минути во игра. Можеби ќе поставеше личен рекорд, но Стив Кер одлучи да го одмора во поголем дел од последниот период, па на крајот Кари се покажа клучен за победата на својот тим, постигнувајќи две слободни фрлања на 40 секунди пред последниот звук на сирената, за +5 на Вориорс. Во третата четвртина, Кари имаше повеќе поени од целиот тим на Орландо (22-21).

На спротивната страна се истакна и Паоло Банкеро кој постигна 41 поен, додека во тимот на Голден Стејт, далеку зад Кари остана Пост со 18 поени, како втор стрелец во тимот.

РЕЗУЛТАТИ
Орландо - Голден Стејт 115-121
Милвоки - Денвер 121-112
Далас - Шарлот 103-96
Феникс - Њу Орлеанс 116-124
ЛА Лејкерс - Минесота 111-102