Кари и Томпсон добија одмор, Голден стејт доживеа дебакл (ВИДЕО)

Стив Кер реши да им даде одмор на своите најдобри играчи, Кари, Томпсон и Грин, па Голден стејт доживеа срамен пораз од 45 поени разлика на гостувањето кај Њу Орлеанс, домаќините победија со 128-83.

По импресивната партија против Хјустон, Томпсон и Кари добија одмор против Њу Орлеанс, не играше ниту Грин, сето тоа резултираше со голем пораз, 128-83.
 
Шампионот не можеше да се носи со противникот без своите главни ѕвезди, најдобар кај Голден стејт беше Пул со 26 поени, интересно тој немаше ниту еден скок, ниту пак асистенција. Најдобар во составот на Њу Орлеанс беше Инграм со 34 поени.

Адетокумбо го предводеше Милвоки до победа над Портланд од 119-111. Грчкиот репрезентативец постигна 37 поени и беше убедливо најдобриот кошаркар во својот тим. Кај Портланд, Симонс реализираше 29 поени, Нуркиќ оствари дабл-дабл учинок со 16 поени и 10 скокови.

Резултати:
 
Кливленд - Атланта 114:102
Индијана - Орландо 123:102
Чикаго - Бостон 121:107
Милвоки - Портланд 119:111
Минесота - Мајами 105:101
Њу Орлеанс - Голден стејт 128:83
Оклахома - Њујорк 119:129
ЛА Клиперс - Јута 121:114