Јокиќ за новата сезона се подготвува со пливање со – најубавата новинарка (ФОТО)

Најдобриот кошаркар во НБА минатата сезона, Никола Јокиќ, пред неколку дена ги почна подготовките за новото првенство во дресот на Денвер нагетс, а веднаш беше „фатен“ како плива во зградата во која живее во друштво на најубавата новинарка во градот.

Србинот е еден од најпознатите личности во Денвер, поради што не може да крене глава од тие што сакаат да се фотографираат со него. Во друштво на Јокиќ сакаат да бидат сите, дури и тие што исто така важат за ептен популарни, како Тори Мејсон која работи за ЦБС од Денвер.

„Вообичаено сум сама во базенот во работните денови. Сега се погоди дека најдобриот во НБА ја имал истата идеја“, напиша Мејсон.

Коментарите на фотографиите беа во насока на совети за Јокиќ да и се додворува на новинарката, која според следбениците е „ептен слатка“.