Јокиќ во последните секунди остана без учинок каков што немал никој друг во историјата (ВИДЕО)
Српскиот центар одигра уште една блескава партија, постигнувајќи 21 поен (7/10 шут од игра), 14 скокови и 9 асистенции, но токму таа една асистенција му недостигаше за да стане првиот играч во историјата на НБА кој ја започнал сезоната со пет последователни „трипл-дабл“ учиноци. На полувремето Јокиќ веќе имаше 9 поени, 8 скокови и 7 асистенции, па многумина очекуваа дека ќе го урне рекордот, но тоа не се случи. Србинот сега остана да го дели рекордот со легендарните Оскар Робертсон и Расел Вестбрук, кои исто така имаат четири вакви остварувања на стартот на една сезона.
Клучниот момент на натпреварот се случи во финишот, кога Денвер имаше предност од 105-100 на две минути пред крајот, но потоа потполно застана. Портланд возврати со серија од 9-2, а Џереми Грент со слободни фрлања на 27 секунди до крај го израмни резултатот. Во следниот напад, Јокиќ му ја додаде топката на Арон Гордон, кој дозволи да истече времето за напад и така ја пропушти шансата да му овозможи на Јокиќ историскиот момент. Потоа Гордон направи и прекршок врз Грант, кој повторно беше сигурен од линијата за слободни фрлања. Денвер имаше последен напад и обид да избори продолжение, но обидот на Јокиќ во последната секунда – по свртување од линијата за слободни фрлања – ја погоди само рамката на кошот.