Јокиќ урна уште еден рекорд на Чембрлен (ФОТО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ постави уште еден рекорд во НБА-лигата, откако го надмина легендарниот Вилт Чембрлен.

Јокиќ го надмина рекордот на Чембрлен од 19 трипл-дабл во сезона со најмалку 60 отсто удари од поле, па сега Србинот е рекордер со 20 трип-дабл.

Србинот во просек постигнува по 24,7 поени, 11,9 скокови и 9,9 асистенции по натпревар.