Јокиќ со 20 поени го наполни кошот на Портланд, Милвоки му одржа лекција на Голден Стејт

Денвер нагетс синоќа триумфираше против Портланд блејзерс со 140-108, додека Голден Стејт вориорс беше поразен за третпат во претходните четири натпревари, и тоа овој пат од страна на актуелниот шампион Милвоки со 99-118.

Портланд имаше иницијатива на почетокот на мечот, меѓутоа Денвер ја доби првата четвртина со 41-28, по што на полувреме водството за екипата на Никола Јокиќ изнесуваше 72-55 и беше јасно дека ќе запише триумф.

Третата четвртина ја одбележа повредата на Вил Бартон, кој се судри со неколку противнички кошаркари и заврши на паркетот, а подоцна беше соопштено дека го повредил вратот.

Денвер до крајот го контролираше натпреварот, па така ја зголеми предноста и славеше со 32 поени разлика (140-108).

Бартон беше најдобар во победничкиот тим со 21 поен, додека Јокиќ имаше 20 поени, осум скокови и седум асистенции, а на спротивната страна најефикасен беше Бен Меклемор со 18 поени.

Милвоки го прегази Голден Стејт со 119-99, а својот триумф го најави уште во првото полувреме кое го доби со убедливи 118-99.

Јанис Адетокумпо оствари трипл-дабл со 30 поени, 12 скокови и 11 асистенции, а Крис Мидлтон постигна 23 поени, пет скокови и седум асистенции.

Во екипата на Голден Стејт најдобар беше Ендрју Вигинс со 16 поени, а Стеф Кари постигна 12 поени, осум скокови и четири асистенции.

Останати резултати:

Мемфис – Минесота 116-108
Њу Орлеанс – Лос Анџелес Клиперс 113-89
Бруклин – Оклахома 109-130