
„Кога ќе ја завршам кариерата, од каучот ќе го гледам моето кошаркарко наследство“
По натпреварот од него беше побарано да го искоментира својот историски настап, имајќи предвид дека никој во постоењето на НБА не успеал да направи вакви бројки на еден натпревар.
„Мислам дека ова некогаш ќе го гледам од својот кауч, како некое наследство кое ќе остане кога ќе ја завршам кариерата. Сега имам натпревари на секои два дена и гледам само како да се одморам и да се опоравам за следниот меч“, искоментира српскиот ас.
Јасно е дека за него нема многу одмор бидејќи веќе утре од 18 часот по средноевропско време го очекува дерби дуелот против Оклахома на кој индиректно ќе се решава и за МВП на сезоната во НБА.