Јокиќ не сака неговата ќерка ниту да го допре баскетот, а не пак да игра кошарка!
Во интервју за „НБА ТВ“, српскиот кошаркар зборуваше за престојот во татковината, како и за плановите за во иднина. Приказните за тимот, шансите за освојување на титулата се веќе познати на сите, но кога двојниот МВП зборува за неговата ќерка Огњена, тој веднаш буквално се топи.
„Домот е посебно место за мене, таму наоѓам мир. А моето семејство таму живее сосема поинаков живот“, рече Јокиќ, а потоа погледна кон Огњена, која сè уште не почнала да ја држи топката во раце:
„Се надевам дека никогаш нема да ја фати топката, а за жал нема да добие прстен“, низ насмевка дополни Јокиќ.