Јокиќ го растури Детроит, додека Дончиќ блесна со 37 поени за Далас (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи со доминацијата во НБА-лигата, па така синоќа постигна 34 поени за Денвер нагетс и му помогна да го скрши отпорот на Детроит пистонс со 117-111.

Денвер се мачеше против нивниот противник, но Јокиќ беше тука да помогне со 34 поени, но и со девет скокови и осум асистенции, а на него му помагаа Бартон и Гордон ко постигнаа 27 поени.

Кошаркарите на Далас маверикс беа подобри од Мемис гризлис со 104-91, а незапирлив беше Лука Дончиќ со 37 поени, 11 скокови и девет асистенции.

Декипата на Голден Стејт славеше против Јута со минимални 94-92, а Џордан Пол ги предводеше „воините“ до триумф со 20 поени, додека Стеф Кари постигна „само“ 13 поени на натпреварот. Српскиот кошаркар Немања Бјелица на паркетот мина 20 минути и притоа постигна шест поени и четири скокови.

Резултати:

Мајами – Лејкерс 113-107
Орландо – Чикаго 114-95
Торонто – Портланд 105-114
Шарлот – Атланта 91-113
Сан Антонио – Филаделфија 109-115
Минесота – Бруклин 136-125