Јокиќ го излуде и американскиот коментатор: Тројкааааа!! (ВИДЕО)
Највпечатлив момент од натпреварот беше тројката која Србинот ја постигна од центар и тоа без многу напор што дополнително ги воодушеви присутните во арената, а и американскиот коментатор.
„Тројкааааа“, викаше коментаторот на јазикот на кој зборува и Никола Јокиќ.
Српскиот ас повторно е еден од најдобрите играчи во НБА и секако меѓу кандидатите за МВП на сезоната.