Аморим по „шлаканицата“ од Евертон: Фрустриран сум!

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим е разочаран од изданието на неговите фудбалери против Евертон кој со играч помалку победи на Олд Трафорд.

Манчестер јунајтед синоќа од 13. минута имаше фудбалер повеќе против Евертон, сите се надеваат дека триумфот е неизбежен, но наместо тоа добија шок, противникот победи иако имаше фудбалер помалку.

„Како да не знаевме како треба да играме против десет фудбалери. Евертон заслужи да го добие натпреварот и јас сум фрустриран“, рече Аморим по мечот.

„Не успеавме да ја разбереме ситуацијата, не знаевме како да одиграме кога бевме во близина на нивниот шеснаесетник. Кога не сме на врвно ниво со нашиот интензитет тоа веднаш се гледа. Кога не сме на најдобро ниво, не можеме да победуваме важни натпревари. Навистина сум фрустриран од начинот на кој го одигравме натпреварот, дома, пред полниот Олд Трафорд кој чекаше да истапиме…. Требаше да ја разбереме ситуацијата со другите клубови гледајќи ја табелата и чуствувајќи дека можеме да се искачиме, но потоа начинот на кој го игравме овој натпревар од првата минута беше навистина фрустрирачки“.

„Изминатите недели кога сите ја фалеа нашата еволуција, јас ја велев истата работа, дека не сме блиску. Се плашам да не го вратиме чувството од минатата сезона, тоа е мојот најголем страв. Мора да работиме многу подобро“.