„Јокиќ е неверојатен, пие по шест пива дневно и пак е најдобар!“

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е најголема ѕвезда на Денвер нагетс и еден од најдобрите во НБА-лигата, а посебно го обожаваат неговиот колеги меѓу кои е Мајкл Портер Јуниор.

За Јокиќ е познато дека сака да ужива, а според изјавата на Портер Јуниор, Србинот секој ден пиел по шест пива дневно и тоа не влијаело на неговите настапи.

„Јокиќ е неверојатен. Како е можно да станеш МВП и следната сезона да си уште подобар? Зборував со него и ми кажа дека пиел по шест пива дневно во Србија“, вели Портер.