Јанг го погоди Богдановиќ со топка во глава, па сите „прснаа“ од смеење (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ беше одличен во триумфот на Атланта против Портланд од 123-114, откако постигна седум тројки и вкупно 25 поени.

Меѓутоа, освен неговиот одличен настап, ќе се памети и една смешна ситуација, кога србинот падна на паркетот, а тоа не го забележа Треј Јанг, кој го погоди со топка во глава.

Оваа ситуација ги насмеа сите во салата, а потоа Богдановиќ стана и продолжи со игра.