Ирвинг останува во Бруклин – има 37 милиони причини за тоа!

Американскиот кошаркарски репрезентативец, Кајри Ирвинг, реши да ја активира опцијата за продолжување на договорот со Бруклин нетс за уште една година, со што ги реши дилемите околу евентуалната промена на средината.

Тој, наводно, имал понуда за трансфер во ЛА Лејкерс, каде што би играл со Леброн Џејмс, но решил да остане меѓу „мрежичките“, пред се поради фактот што ќе заработи 36,9 милиони долари, кои не би можел да ги заработи во некој друг тим.

„Нормалните луѓе го одржуваат светот, али тие што се дрзнуваат да бидат поинакви од другите не водат кон иднината. Решив да ја активирам последната година од договорот, па ќе се видиме следната есен“, напиша фантастичниот плејмејкер.

Ирвинг во Бруклин стигна во 2019 година, а за „нетси“ во последните три години одигра само 103 од максималните 226 натпревари.