Ирвинг има нов услов - ќе потпише договор, ама ако не игра над 60 меча по сезона!

Бруклин нетс се соочува со вистинска драма во последните денови, откако прво Кевин Дурант побара да биде отпуштен тренерот или ќе си замине, а сега Кајри Ирвинг поставил неверојатен услов за да потпише нов договор.

Ирвинг пропушти голем дел од минатата сезона затоа што не се вакцинираше против ковид-19, а овој пат сака да игра најмногу 60 меча по сезона.

„Џо Цаи е цврст преговарач, зашто не сака да му понуди максимален договор на Ирвинг. Кајри имал неверојатни барања и сакал да игра најмногу 60 меча по сезона и никогаш да не игра два дена по ред зашто смета дека е напорно“, открива новинарот Рик Бучер.

Популарниот кошаркар минатата сезона одигра само 29 меча во НБА-лигата, зашто не можеше да игра на домашен терен, а пропушти и голем број гостувања поради тоа што не се вакцинираше.