Индијана лесно ја победи Оклахома, шампионот во НБА ќе се решава со мајсторка! (ВИДЕО)

Индијана со 108-91 славеше над Оклахома, Пејсерси буквално го прегазија противникот, во еден момент имаа водство и од 31 разлика, па конечниот резултат изгледа и пристоен за тандерс.

Оклахома ноќеска ја имаше првата меч топка, со победа ќе станеше шампион, но Индијана одигра најдобро кога беше најпотребно и дојде до победа за израмнување на 3-3 во финалната серија.

Гостите добро го почнаа мечот, имаа водство од 10-2 на стартот, но потоа Индијана стапи на сцена, брзо ја анулираше негативата и дојде до водство кое не го пушти до самиот крај.

Најголемата предност домаќините ја имаа во воведните минути од последниот период кога поведоа со 93-62, веќе беше јасно кој ќе биде победник, па се опуштија. Конечниот резултат беше 108-91.

Најефикасен во победничкиот тим беше Топин со 20 поени, Нембард постигна 17, Сиакам реализираше 16, а имаше и 13 скокови. Најдобар кај Оклахома беше Шеј Александер со 21 поен.

Мајсторката која ќе го даде новиот НБА шампион ќе се игра на теренот на Оклахома.

Фото: X/Pacers