Играат ужасно сезонава, губеа со минус 22 и на крајот – победија убедливо (ВИДЕО)

Некогашниот НБА-шампион, чиј заштитен знак беа „лошите момчиња“ предводени од Ајзеја Томас, екипата на Детроит пистонс, сезонава е една од најлошите во НБА-лигата, што не ја спречи да ја изненади одличната Јута џез (126-116) во меч со огромен пресврт.

„Пистонси“ во еден момент беа во негатива и од 22 поени разлика (32-54), но потоа следуваше блескава игра и комплетен пресврт, кој беше преточен во само деветти триумф во 39. натпревар сезонава. За „џезерите“, пак, ова беше трет неуспех во низа, за кои главна причина за отсуството на најдобрите поради проблеми со коронавирусот, со оглед што на претходните мечеви вкупно имаа само десет порази.

Беј и Канингам со по 29 поени беа најпрецизни кај Детроит, додека Мичел со 31 поен и Вајтсајд со 21 поен и 14 скока беа најдобри кај Јута.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Милвоки 103-99, Детроит – Јута 126-116, Бостон – Индијана 101-98, Њујорк – Сан Антонио 111-96, Хјустон – Филаделфија 91-111, Портланд – Бруклин 114-108, Сакраменто – Кливленд 108-109.