Харден стана десетти најдобар стрелец во НБА-лигата (ФОТО)

Американскиот кошаркар Џејмс Харден се проби во топ-10 стрелци во историјата на НБА-лигата, иако не успеа да му помогне на Лос Анџелес Клиперс да слави против Минесота тимбервулвс (106-109).

Харден успеа да стигне до 28.290 поени во кариерата и со тоа го надмина Кармело Ентони на десеттата позиција на вечната листа на стрелци во најсилната кошаркарска лига.

Искусниот кошаркар е еден од трите активни играчи во топ-10 стрелци. Покрај него тоа се Кевин Дурант и Леброн Џејмс.

Фото: EPA