Хаос во НБА: Кошаркар на Индијана сакаше да го гризне ривалот (ВИДЕО)

Кошаркарот од Грузија, Гога Битадзе како тинејџер заигра во Србија и блесна во екипата на Мега, по што беше прогласен за „ѕвезда во раст“ во Евролигата поради одличните настапи во Будуќност, но не му оди најдобро во НБА-лигата.

Грузискиот кошаркар пристигна во Индијана во 2019 година како 18. пик на драфтот, а минатата ноќ настапи во стартната петорка против Голден Стејт вориорс (121-117), при што постигна 13 поени и девет скокови, меѓутоа беше понижен и со брутално забивање од страна на синот на легендарниот Гери Пејтон.

Пејтон реши да го провоцира Битадзе по моќното забивање, а Грузиецот ептен се изнервира, по што тргна кон ривалот и го турна со глава, откако претходно се обиде да го гризне.