
Грег Попович тргна по Леброн!
Според информациите кои стигаат од САД, во игра за ЛБЏ се вклучи и Сан Антонио, а легендарниот тренер Грег Попович најави преговори со Леброн.
Ќе се обиде легендарниот Поп да го убеди Џејмс да го облече дресот на Сан Антонио. Сепак, тоа е тешко да се очекува бидејќи ЛБЏ веројатно бара нешто друго.
Се претпоставува дека и доколку одлучи да го напушти Кливленд, Леброн ќе се пресели во редовите на ЛА Лејкерс или Хјустон, но неговата цел и понатаму останува иста, борба за шампионскиот прстен.