Грчкиот Ѕвер ја доби војната со Дончиќ, пораз на Лејкерс по голема драма (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки бакс како гости ја добија возбудливата и до крај неизвесна пресметка со Далас маверикс (106-105), во меч во кој домашниот тим беше подобар во поголемиот дел, но не го издржа налетот на „елените“ во последната четвртина (33-21).

Тоа воедно беше „војна“ на двајца од најдобрите кошаркари во НБА, јанис Адетокумпо и Лука Дончиќ, која Словенецот ја доби на индивидуален план со 33 поени и 11 скока, но Грчкиот Ѕвер на крајот се радуваше. Јанис средбата ја заврши со 28 поени од кои половина постигна во последната четвртина, кога беше решен натпреварот.

Возбудливо беше и во Филаделфија каде што Севентисиксерси по едно продолжение го совладаа ЛА Лејкерс (133-122). Екипите играа наизменично добро и секоја од нив убедливо доби по две четвртини, што на крајот донесе ситуација да мора да се играат дополнителни пет минути. Домаќинот, пак, експлодира во екстра-периодот, кој го доби со преубедливи 13-2 за сигурен триумф. Џоел Ембид беше најефикасен кај победникот со 38 поени и со 12 скокови, а го следеше Мелтон со 33 поени, додека Ентони Дејвис постигна 31 поени, а Леброн Џејмс 23 поени за „езерџиите“.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Њујорк 102-121, Индијана – Вашингтон 121-111, Орландо – Торонто 113-109, Бруклин – Атланта 120-116, Кливленд – Сакраменто 95-106, Филаделфија – Лејкерси 133-122 (п), Мемфис – Детроит 114-103, Њу Орлеанс – Финикс 128-117, Јута – Минесота 108-118, Далас – Милвоки 105-106.