
„Големиот“ Дурент мизерно со бокс во бубрег удри хрватски кошаркар (ВИДЕО)
Дурент очигледно реагираше бурно откако Матковиќ постави цврст блок, по што двајцата продолжија како да не било ништо, а немаше реакција ниту од судиската тројка. И покрај инцидентот, Феникс одигра одличен меч и ја прекина серијата од три порази. Најефикасен беше Бол со 25 поени, додека О'Нил додаде 18, а Девин Букер постигна 17 поени и подели девет асистенции. Дурент натпреварот го заврши со 17 поени и шест асистенции. Кај Њу Орлеанс, Хокинс блескаше со 24 поени и четири асистенции, додека Миси исто така постигна 24 поени и забележа пет скокови.
Со оваа победа, Феникс сега има биланс од 28-32, додека Њу Орлеанс останува на 16-44.