Голем хедикеп за Денвер: Јокиќ останa без најдобриот соиграч

Денвер доби ужасни вести откако Џамал Мареј утринава се повреди на дуелот против Голден Стејт вориорс.

Фантастичниот кошаркар ја заврши сезоната, бидејќи ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено. Канаѓанецот се повреди на 50 секунди до крајот на средбата.

Ова ќе биде силен удар за амбициите на Нагетс сезонава, кои конкурираат за самиот врв во Западната конференција. Сега Никола Јокиќ остана без својот најдобар соиграч до крајот на оваа сезона.

Мареј ја игра најдобрата сезона во кариерата со просек од 21,2 поени.