Голден Стејт, Портланд и Торонто на една победа до пласман во втората рунда (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Голден Стејт можеби киксна на домашен паркет и загуби еден дуел со Лос Анџелес клиперс, но тоа брзо го надомести со два триумфа во „Стејплс центарот“.

Вориорс синоќа славеа со 113-105 на гостински паркет за да дојдат до предност од 3-1 во меѓусебната серија. Следниот натпревар можат да ја завршат работата, бидејќи играат пред своите гледачи. Кевин Дурент и Клеј Томсон одиграа фантастичен натпревар и искомбинираа 65 поени. Дурент реализираше 33, додека Томсон постигна еден помалку. 

Портланд успеа да го сопре Расел Вестбрук и да слави на гостински терен со 111-98 за водство од 3-1 во меѓусебната серија со Оклахома. Демијан Лилард постигна 15 поени во третиот период од неговите вкупно 24 и го водеше својот тим до победа. На спротивната страна Вестбрук во второто полувреме не постигна ниту еден поен и остана на 14 поени. Си Џеј Мекалум за Блејзерс постигна 27 поени, најефикасен на мечот беше Пол Џорџ од таборот на Тандер со 32 поени и 10 скока. 

https://www.youtube.com/watch?v=jYw1zriEXqg

Торонто го загуби првиот натпревар на домашен терен против Орландо, но потоа ги доби следните три за водство од 3-1 во меѓусебната серија. Репторс славеа со 107-85 и тоа најмногу благодарение на Каваи Ленард, кој постигна 34 поени. Во редовите на Меџик, најефикасен беше Арон Гордон со 25 поени.