Газдата на Феникс санс доби суспензија и драконска парична казна

НБА-лигата го суспендираше сопственикот на Феникс санс, Роберт Сарвер на една година и плус ќе мора да плати казна од 10 милиони долари. 

Сарвер беше под истрага на НБА уште од ноември 2021 година откако ЕСПН објави вест за расизам и малтретирање жени во организацијата. Извештајот на истражителите покажа дека газдата на Санс и женскиот тим Меркјури креирал токсична работна атмосфера. 

Тој освен што една година не смее да работи во двата тима и да плати огромни 10 милиони долари, ќе мора да оди на тренинг-програма која се фокусира на добра работна атмосфера и пристојно однесување на работа.