Газдата на Далас лично го прибрал Делонте Вест од улица

Сопственикот на Далас маверикс, Марк Кјубан го пронашол Делонте Вест и го земал со автомобил од бензиска станица во Тексас. 

Кјубан му понудил место за живеење и ветил дека ќе плати за поранешниот кошаркар да оди на рехабилитација. Семејството на Вест долго време се обидува да му помогне на кошаркарот да го врати животот во нормала, но тој одбивал секаква помош.

Вест има биполарно раствојство и е зависник од наркотици. Начинот на живот го одведе да живеее на улица како бездомник и да проси за пари. Откако минатата недела се појавија фотографии од Вест како бара пари на улица, Кјубан реши да направи обид да му помогне. 

Вест играше за Далас маверикс само една сезона 2011/2012, а потоа неговата кариера речиси беше завршена. Имаше обид да игра во Кина и во Д-лигата во тимот на Тексас леџендс. Мина вкупно осум сезони во НБА-лигата и играше за Бостон, Сиетел и Кливленд.