
Доста беа коњи и алкохол: Јокиќ тргна да ја брани титулата (ФОТО)
Веста ја објави неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ кој денеска на аеродромот во Белград го испрати својот клиент кон нови успеси.
„Поздравите на аеродромците станаа стандардна процедура. Време е за враќање во САД, во пресрет на новите работи победи. НБА сезоната е зад аголот“, напиша Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил.
Јокиќ во јуни ја освои својата прва шампионска титула во НБА лигата при што беше прогласен и за МВП на финалната серија, но потоа имаше исклучително бурно лето во татковината каде максимално се опушти. Се посвети на својата најголема страст -коњите, но и на забави со големи количества алкохол. Јавноста во Србија ја разбранува и ја сврте против себе со одлуката да не учествува на Светското првенство на Далечниот исток каде оваа селекција стигна до финалето и го освои сребрениот медал.