„ЕСПН“ направи анкета: Јокиќ ќе биде МВП во НБА-лигата!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра една од најдобрите сезони во кариерата, а новинарите од НБА-лигата без дилема ќе го дадат гласот за да ја добие наградата за МВП на сезоната.

„ЕСПН“ направи анкета за тоа кој заслужил да биде МВП според резултатите во досегашниот дел од сезоната во најсилната кошаркарска лига.

Дури 101 новинар учествуваше во анкетата, а дури 90 од нив гласаа за Јокиќ, па така српскиот кошаркар доби околу 969 бодови.

Веднаш зад него заврши Џоел Ембид, но тој остана само на 401 бод, што е повеќе од двојно помалку поени од Србинот.