
Едвардс: Мислам дека сум подобар кошаркар од Дончиќ и Шеј!
Едвардс е најдобар кошаркар на Минесота во моментов и во просек постигнува по 26,3 поени, 5,2 скокови и 5,3 асистенции и има полоша статистика од Дончиќ и Шеј, но и покрај тоа е уверен дека игра подобри од нив двајца.
„Чувствувам дека сум подобар кошаркар од Лука и Шеј, 100 отсто“, кажа Едвардс во интервју со Стивен Смит.
Дончиќ оваа сезона во просек постигнува по 34,2 поени, 8,8 скокови и 9,6 асистенции, додека Гилџес-Александер постигнува по 31,1 поен, 5,5 скокови и 6,6 асистенции.