Џинот Марјановиќ играше две минути со нула поени и пак беше – човек на одлука (ВИДЕО)

Српскиот центар Бобан Марјановиќ одигра само две минути и 12 секунди без ниту еден поен и со само еден скок, но и покрај тоа беше човекот на одлука во ноќешниот триумф на Хјустон рокитс во дуелот против Њу Орлеанс пеликанс (114-112).

„Ракетите“ имаа добитна ситуација, но противникот имаше шанса да изедначи или со пресврт победи со оглед што ја изведуваа топката од страна и имаа нецела секунда за поентирање. „Пеликаните“ на тајмаут нацртаа акција, но не предвидоа нешто – големите раце на џинот Марјановиќ пред човекот што ја изведуваше топката. Србинот висок 224 сантиметри и со распон на раце од 239 сантиметри успеа да ја допре топката во обид за цепелин и да стави крај на сите надежи на гостите.

„Среќен сум поради Бобан. Немаше многу можности да влијае врз резултатот, но на крајот го направи тоа што се бараше од него и ни ја донесе победата“, изјави тренерот на Хјустон, Стивен Силас.

Составот од Тексас е во серија од три победи, но и понатаму е при дното од Западната конференција.