
Џа Морант ја потресе јавноста, објави низа „сторија“ до саканите велејќи - збогум! (ВИДЕО)
Ѕвездата на Мемфис гризлис објави низа од „сторија“ со своите најсакани, неговата мајка, татко му и ќеркичката, пишувајќи на секој од нив дека го сака, за на крај да заврши со пораката „збогум“, напишана на фотографија од него и микрофон со логото на НБА.
Ja Morant posted a series of IG stories saying ‘love ya’ to his mom, dad and daughter.
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) May 24, 2023
And then a final story saying ‘bye’ with a photo of a NBA On TNT microphone 👀 pic.twitter.com/qsXwE8tx02
Помалку шокантното толкување на овие објави е дека Морант планира на само 23 години да ја прекине кариерата или, барем, да заврши со НБА-лигата, имајќи предвид дека сезонава се соочи со една суспензија, а го очекува и втора. По некое време, фотографиите со неговите најблиски ги тргнал и останала само пораката „збогум“ со микрофонот од НБА.
Оттука се верува дека повлекување е објаснувањето, а не нешто пострашно, имајќи предвид дека допрва му следи пауза. Морант беше суспендиран на осум меча од НБА-лигата, поради тоа што беше фатен со пиштол в рака, на едно од видеата во живо на неговите социјални мрежи. Истиот чин го повтори неодамна, по што Мемфис го суспендира на неодредено, чекајќи пресуда од НБА-лигата.
Сезонава имаше просек од 26,2 поена и 8,1 асистенција по натпревар, што е само доказ за извонредниот талент со само 23 години.