Две години не играше кошарка, а сега се бори за договор во Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс гради екипа на ветерани за новата НБА-сезона во која ќе се обиде да ја освои шампионската титула. Во тимот веќе пристигнаа Расел Вестбрук, Двајт Хауард, Кармело Ентони, Ражон Рондо, а сега може да дојде уште еден ветеран.

Кенет Фарид тренира со Лејкерс и ќе се обиде да се избори за договор со тимот од Лос Анџелес. Тој во НБА-лигата нема играно уште од 2019 година, а ова лето заигра за Портланд во летната лига, каде што во просек постигнуваше по пет поени и осум скокови.

Овој 31-годишен крилен центар од 2011 година беше во НБА-лигата и играше осум години за Денвер нагетс, по што една сезона мина во Бруклин нетс, а во кариерата постигнуваше во просек по 12,9 поени и 8,2 скокови по натпревар.