Дурант се караше со навивачи на интернет по триумфот против Србија

Еден од најдобрите американски кошаркари, Кевин Дурант се скара со навивачи на социјалните мрежи по победата на САД против Србија од 95-91 во полуфиналето на Олимписките игри во Париз.

Дурант не можеше да се помири со дел од коментарите на лошиот настап на Американците, а на еден корисник на „Икс“ му одговори и за тоа дека Никола Јокиќ е најдобар играч во светот.

„До сите навивачи на Денвер, на никого не му е гајле за тоа што мислите вие кој е најдобар во НБА. Играчите го почитуваат Јокиќ, не не го обожаваат како вас“, одговори Дурант.