Дончиќ со тројка во финишот ја реши Минесота за водство од 2-0 на Далас (ВИДЕО)

Лука Дончиќ ја презема одговорноста и погоди тројка на три секунди до крајот на натпреварот што се покажа како доволно за победа на Далас од 108-109 на гостувањето кај Минесота. 

Маверикс водат со 2-0 во финалната плеј-оф серија во Западната конференција, а сега играат два натпревари на домашен паркет. Во решавачкиот последен напад, Дончиќ беше изолиран против најдобриот дефанзивец во НБА-лигата, Руди Гобер, но ниту тоа не го поколеба да постигне фантастична тројка. 

Словенецот го запиша осмиот плеј-оф трипл-дабл во кариерата со 32 поени, 13 асистенции и 10 скока, Кајри Ирвинг имаше 20 поени. Кај Тимбервулфс, Наз Рид беше најефикасен со 23 поени, а Ентони Едвардс имаше 21 поен. 

Следниот трети натпревар, а прв во Далас се игра во понеделник рано наутро во два часот.