Дончиќ сакаше да се направи мангуп, па беше - „спуштен на земја“ (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, влегува во својата шеста сезона во НБА, каде што важи за еден од најдобрите играчи, со цел да го надмине учинокот од минатата сезона во која постигнуваше по 32 поени по натпревар, но Далас Маверикс не стигна до плејофот.

Ѕвездата на тимот од Тексас ги почна подготовките со останатите соиграчи во клупскиот тренинг-кампот, каде што заедно со Кајри Ирвинг одржа прес-конференција. Додека неофирмално разговараа со претставниците на седмата сила, еден од новинарите го прашал Дончиќ: „Дали ти недостасувавме?“, мислејќи на него и на неговите колеги.

Дончиќ веднаш му одговори неочекувано директно и помалку безобразно со „Не“. Но, ниту новинарот не му остана должен, па пред сите околу нив неочекувано му одбруси.

„Па, искрено, ни ти нам не ни недостасуваше!“