Дончиќ на чекор да добие најголем договор во историјата на НБА

Словенечката НБА-ѕвезда Лука Дончиќ (24) е на чекор да го добие најголемиот договор во историјата на најсилната кошаркарска лига од 318 милиони долари за пет години.

За Дончиќ од Далас Маверикс да го добие најголемиот договор треба да се исполни само еден услов, да биде избран за ол-стар тимот, што воопшто не се доведува во прашање и од 2025 година ќе биде квалифициран за да може да потпише супермакси-договор.

Словенецот би имал 70 милиони долари годишно со новиот договор, убедливо најмногу по поединечна сезона, за ското 20 милиони повеќе од досега најплатениот СтеФ Кари кој имаше најголема заработка од 51,9 милиони долари, а зад него се Кевин Дурант (47,6), Леброн Џејмс (47,6), Никола Јокиќ (47,6) и Џоел Ембид (47,6).

Американските медиуми тврдат дека договорот на Дончиќ може да се зголеми и на џиновски 367,5 милиони „зелени банкноти“, ако се остварат најавите за зголемување на горната граница на колективно ниво (селари-кап) за десет отсто, па така Словенецот во последната година би имал плата од 83,6 милиони долари.

Дончиќ во минатата сезона имаше просек од 32,4 поени, 8,6 скока и осум асистенции.