Дончиќ му одржа лекција на Јокиќ: Играњето за Словенија за мене е - чест!

Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ се приклучи на тренинзите под водство на селекторот Александар Секулиќ, кој својата репрезентација ќе ја води во подготвителниот меч против Хрватска во петок.

Дончиќ последен пет за Словенија играше во септември 2017 година во финалето на Еуробаскетот, кога со селекцијата стана европски првак.

„Многу добро се чувствувам. Од секогаш ми било чест да играм за Словенија, посебно за екипа каква што сме ние. Во екипата имаме многу лидери. Немам тренирано една недела, иако тоа не е важно затоа што ќе бидам подготвен за квалификаициите“, вели Дончиќ.

Дончиќ вели дека се надева и на титула во НБА-лигата, но за такво нешто е уште рано.

„Уште не направив ништо посебно во НБА-лигата. Мојата цел е освојување на титулата, но пред мене е долг пат“, вели словенечкиот кошаркар.