Дончиќ има очи и на грбот: Блесна со уште едно магично додавање (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра одличен натпревар за Далас во кој постигна трипл-дабл со 32 поени, 11 асистенции и исто толку скокови, но тоа не беше доволно за неговиот тим да слави во вториот натпревар од финалната серија.

Бостон со новиот триумф сега има водство од 2:0 и е на половина пат до шампионскиот прстен. Мала утеха за Далас се и одличните потези кои ги имаше словенечкиот репрезентативец.

Потегот на мечот во натпреварот во „ТД Гарден“ Дончиќ го направи со маестралното додавање кога му отвори чиста позиција на Џонс.

Следниот натпревар се игра во 02:30 часот по полноќ, а тоа ќе биде и првиот од серијата во која Далас ќе биде домаќин.