Дончиќ доби техничка откако го „истрола“ ривалот од Клиперс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ утринава заедно со Кристапс Порцингис беше лидер на Далас во победата на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс. 

Словенецот во еден момент понесен од еуфоријата и одличниот поен што го постигна против Теренс Ман, го „истрола“ ривалот во лице, па заработи техничка грешка.

„Премногу е**но малечок“, извика Дончиќ.

Судиите го слушнаа ова и веднаш досудија техничка лична грешка.