Дејвис со 42 поени ја разнесе Јута за да го завери првото место на Лејкерс на Западот (ВИДЕО)
Лејкерс и пред овој меч беше извесно дека ќе завршат како првопласирани во западната конференција, но без оглед на големата предност, сепак победија со фантастичниот настап на Дејвис, кој покрај 42-та поени и 12 скока, додаде уште четири асистенции и три украдени топки и за него ова беше петти сезонски меч на кој постигнува над 40 поени. Леброн Џејмс погоди 22 поени, па сега Лејкерс на пет меча до крајот има шест победи повќе од Клиперси и се недостижни на врвот.
Јута е петта на западот, со пола победа повеќе од Оклахома, а исто толку помалку од Хјустон и тие до крајот ќе се борат за максимално четврто место, но во серија порази може да стигнат и до шестото. Далас Маверикс е седми и не може погоре од таа позиција. Нова маестрална партија одигра Србинот Никола Јокиќ, кој со нов трипл-дабл му донесе победа на Денвер против Оклахома со 121-113 по продолженијата. Јокиќ даде 30 поени, имаше 12 скока и додаде 10 асистенции, па за него ова беше 13-ти трип-дабл сезонава, а само Лука Дончиќ има повеќе трипл-дабл учиноци во НБА сезонава (15).
Првакот Торонто Рапторс во тесна завршница со 107-103 го победија Мајами Хит, најмногу благодарение на Фреди Ванвлит со 36-те поени, најдобар учинок на кариерата.
Уште повозбудливо беше во пресметката на Филаделфија и Сан Антонио, во најкошгетерскиот меч во кој Сиксерс славеа со 132-130 и тоа со тројка на Шејк Милтон на седум секунди пред крајот. Џоел ембид беше најефикасен кај Филаделфија со 27 поени, додека Демар Дерозан со 30 ги предводеше Спарс.
РЕЗУЛТАТИ
Њу Орлеанс – Мемфис 109-99
Филаделфија – Сан Антонио 132-130
Јута – ЛА Лејкерс 108-116
Мајами – Торонто 103-107
Оклахома Сити – Денвер 113-121 по продолженија
Вашингтон – Индијана 100-111.