
Далас ја прекина серијата порази, нов трипл-дабл на Јокиќ! (ВИДЕО)
По серија од четири порази, која ги спушти под 10. место на табелата на Западот, Маверикс конечно се вратија на победите. Индијана беше решена уште по првото полувреме, кога предноста достигна двоцифрена вредноста, а на влезот на последната четвртина веќе се беше јасно, бидејќи водството беше плус 25.
Лука Дончиќ беше најефикасен во победничкиот тим, со 25 поени, на кои додаде и седум скока и шест асистенции. Со овој триумф Далас се изедначи со ЛА Лејкерс, со по 37 победи, но има еден пораз повеќе, па затоа остана на 11. место, веднаш под зоната за плеј-ин.
Србинот Никола Јокиќ продолжи да ја истакнува кандидатурата за МВП во основната сезона со уште една трипл-дабл партија, 29-та оваа сезона. Овој пат постигна 25 поени, 17 скока и 12 асистенции предводејќи го Денвер до славје против Филаделфија со 116-111. Во отсуство на Жоел Ембид, Тајрис Макси беше прв стрелец кај поразените со 29 поени
За истакнување е и успехот на Њу Орлеанс, кој дојде до петтата победа по ред и тоа како гостин кај Портланд, со 90-124. Најдобар поединец на таа средба беше Брендан Инграм со 29 коша.
На останатите натпревари:
ЛА Клиперс – Чикаго 124-112
Минесота – Сакраменто 119-115
Јута – Феникс 103-117
Њујорк – Хјустон 137-115
Детроит – Милвоки 117-126