Чикаго сериозно се засилува: Потпиша и Демар Дерозан

Чикаго булс имаа неколку потпросечни сезони, но тоа може да се промени идната натпреварувачка година. 

Откако вчера ги договорија Лонзо Бол и Алекс Карузо, „биковите“ од денеска се посилни и за Демар Дерозан. Тој досега играше за Сан Антонио, а претходно блескаше во дресот на Торонто.

Дерозан ќе потпише тригодишен договор со Булс вреден 85 милиони долари. Ростерот ќе биде навистина конкурентен, бидејќи покрај новите играчи тука се и Никола Вучевиќ и Зек Левин.

Чикаго по подолго време има респектабилен тим, кој може да го нападне врвот во Источната конференција.