Бројката на заразени расте: Тројца кошаркари на Сакраменто позитивни на Ковид-19

Денеска беше објавено дека тројца кошаркари на Сакраменто кингс се заразени со Ковид-19, а станува збор за Алекс Лен, Бади Хилд и Џабари Паркер.

Во НБА-лигата почнаа масовните тестирања, па расте бројката на зразени, а претходно и Никола Јокиќ од Денвер нагетс беше позитивен на вирусот.

Американските медиуми пишуваат дека најмалку четири кошаркари на Сакраменто се заразени со вирусот, а засега се откриваат имињата на овие тројца.